Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМЕРИКАНЦИТЕ ТРГНАА ВО АКЦИЈА: Почнаа воздушни удари врз Исламска држава!

АМЕРИКАНЦИТЕ ТРГНАА ВО АКЦИЈА: Почнаа воздушни удари врз Исламска држава!

Американската војска извела воздушни удари врз положби на Исламска држава во сирискиот град Сирт, соопшти Пентагон.

Ударите се изведени на барање на либиската Влада од националната спогодба, а ги одобрил американскиот претседател Обама.

Воздушните удари на американската војска на положбите на ИСИЛ „ќе и помогнат на либиската влада да оствари одлучен, стратешки напредок“, во борба против џихадисти, наведуваат во соопштението.

Либискиот премиер Фајез Сеаџ потврдил дека либиската меѓународно признаена влада побарала од САД воздушни удари против ИСИЛ во Сирт и дека првите удари се изведени денес.

„Првите удари се изведени денес на одредени локации во Сирт и предизвикале тешки загуби во непријателските редови“, рекол Сераџ.

Силите на либиската влада од мај во Сирт се борат против милитантите.

Слично

Поврзани вести