Американци заробени во Јемен
Неколку државјани на САД се во заробеништво во Јемен, соопштуваат светските агенции. Во моментов не е познат ниту идентитетот, ниту бројот, ниту земјата во граѓанска војна, која ги уапсила.
"Ги видовме извештаите дека неколку државјани на САД се уапсени во Јемен. Правиме сé зависно од нив, за да ги ослободиме", се вели во соопштението на Стејт департментот, како се нагласува дека со оглед на доверливоста, идентитетот на заробените нема да биде објвен.
Не се прецизира и нивниот број. Според неделниот број на Washington Post, шиитските бунтовници хуси поддржани од Иран кои контролираат големи делови од јеменската територија, притвориле најмалку четворица граѓани на САД и ги држат во затвор во главниот град Сана, во која коалицијата на чело со Саудиска Арабија нанесува воздушни напади.
Високи претставници на хусите водат разговори со американските службеници во Оман, како дел од напорите за решавање на конфликтот во Јемен, соопшти денеска јеменската влада во егзил во Ријад, јави Ројтерс.
"Бевме информирани дека има средби, по барање на Американците, и дека приватен американски авион е однесен од хусите до Мускат", изјави портпаролот на јеменската Влада по телефон од Ријад.
Владата на Јемен не учествува во разговорите.
