Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американци го убија вториот човек на Исламска држава

Американци го убија вториот човек на Исламска држава

Вториот човек на Исламската држава е убиен оваа недела во напад на американско беспилотно летало во близина на Мосул во Ирак, објави денес Си-Ен-Ен.

Овој медиум наведува дека тој е убиен во вторникот во напад на возило, после дојава на разузнавачки служби.

Како што се наведува, во прашање е Хаџи Мутаз, за кој се верува дека имал голема улога по прашање на финансиите на оваа екстремистичка организација.

Неименуван американски претставник изјавил за Ројтерес дека владата на САД нема причина да се сомнева во овие наводи.

САД и нејзините сојузници секојдневно ги бомбардираат положбите на Исламската држава во Ирак и Сирија.

Минатиот месец во напад на беспилотно летало е убиен еден од истакнатите лидери на Исламската држава во сирискиот град Рака, жариштето на оваа организација.

Слично

Поврзани вести