Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американските залихи ја уриваат цената на нафтата

Американските залихи ја уриваат цената на нафтата
Цената на сировата нафта во средата повторно забележа пад на берзата во Њујорк откако беше објавен неочекуван раст на американските залихи што повторно ја активира загриженоста поради преголемата понуда. На крајот од работниот ден, токму пред Божиќ, цената за барел нафта од референтен тип „WTI“ за испорака во февруари, опаднала за 1,28 долари и изнесувала 55,84 долари. Според неделниот билтен, посветен на американските резерви на сурова нафта, на Секретаријатот за енергетика на САД залихите на земјата пораснале за 7,3 милиони барели, спротивно на очекувањата на аналитичарите. За време на последната недела, цената на суровата нафта беше нестабилна и постојано се менуваше, но сепак остана под 60 долари, а се очекува и во иднина да се задржи на ова ниво, откако од средината на јули падна речиси за половина од својата претходна вредност. Меѓу лошите вести за трговците е и веста на Саудиска Арабија која објави дека не постои никаква можност да се донесе одлука за намалување на своето производство на сурова нафта, дури и доколу цената падне и на 20 долари за барел.  
Слично

Поврзани вести