Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД АЕРОДРОМОТ ВО КАБУЛ: Бајден предупредува на нови терористички напади и тоа за 24 до 36 часа

АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД АЕРОДРОМОТ ВО КАБУЛ: Бајден предупредува на нови терористички напади и тоа за 24 до 36 часа

Пентагон соопшти дека војниците на САД, во моментов стационирани на аеродромот во Кабул во Авганистан почнаа да се повлекуваат. Таму има повеќе од 1.000 војници кои беа испратени да помогнат во евакуацијата на цивили и од САД, но и од Авганистан, откако Талибанците ја почнаа офанзивата.

Во меѓувреме, американскиот претседател, Џо Бајден предупреди на нови терористички напади и тоа во наредните 24 до 36 часа.

-Ситуацијата на теренот се уште е крајно опасна, а заканата од терористички напади на аеродромот е се уште голема. Нашите команданти ме информираа дека најверојатно ќе има напад во следните 24 до 36 часа. Им наредив да ги преземат сите можни мерки за заштита и проверив дали ги имаат сите овластувања, ресурси и планови да ги заштитат нашите мажи и жени на терен. Тие ме уверија дека имаат и дека можат да ги преземат сите мерки за да ја завршат мисијата и безбедно да ги вратат нашите луѓе, рече американскиот претседател, обраќајќи се до нацијата. 


Слично

Поврзани вести