АМЕРИКАНСКИТЕ РАЗУЗНАВАЧИ КОНЕЧНО ОБЈАВИЈА: Истрагата за потеклото на корона вирусот е завршена, клучните информации се во Кина
Американската разузнавачка заедница објави резиме на
извештајот за резултатите од истрагата за потеклото на корона вирусот.
Според нивните наоди, корона вирусот е од природно потекло, се појави во ноември 2019 година, а кинеските власти не знаеја за тоа пред избувнувањето на епидемијата во Вухан.
-САРС КоВ-2, вирусот што предизвикува ковид-19, најверојатно избувна со инфицирање на луѓе преку првична изложеност од мал обем што се случи најдоцна до ноември 2019 година, со првиот кластер на ковид-19 во декември во Вухан, Кина - соопшти Канцеларијата на директорот на националната разузнавачка заедница на САД.
Вирусот не создаден како биолошко оружје, се вели во извештајот.
- Повеќето разузнавачки агенции проценуваат, но со резерва, дека вирусот најверојатно не е генетски модифициран. Сепак, две агенции веруваат дека нема доволно докази за такво тврдење. Исто така, кинеските власти немаа сознанија за вирусот пред да избувне инфекцијата во Вухан - се наведува во извештајот.
Кога станува збор за начинот на кој се случи првичното изложување на вирусот, американските разузнавачи веруваат дека се можни теории и за природниот пат и за „истекувањето“ од лабораторијата.
Четири американски разузнавачки агенции, со резерва, проценија дека вирусот се пренесувал на луѓето од животни. Една агенција, од друга страна, е убедена дека вирусот преминал на луѓето како резултат на инцидент во лабораторија, и дека најверојатно се работи за експерименти, контакт со животни или контакт со примероци во лабораторијата во Вухан, се наведува во извештајот. Соработката на Кина ќе биде неопходна за конечно да се утврди потеклото на вирусот, се заклучува во извештајот на американското разузнавање.
