Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американските „фоки“ се скараа: Кој навистина го уби Осама бин Ладен?

Американските „фоки“ се скараа: Кој навистина го уби Осама бин Ладен?
Припадниците на американската специјална единица „фоки“ во јавноста спорат околу тоа кој навистина го убил терористот бр.1 Осама бин Ладен пред три години. Поранешниот припадник на маринците Роберт О’Нил вчера изјави дека тој пукала во лидерот на Ал Каеда, но со тоа признание тој всушност дојде во конфликт со друг учесник во акцијата Мет Бисонет, кој во својата книга „Тежок ден“ операцијата ја опишува поинаку. Осама бин Ладен беше убиен во операција на американските „фоки“ во мај 2011 година во комплекс во пакистанскиот град Аботабад. Припадниците на оваа елитна специјална единица обично се придржуваат до заветот на молчење и не откриваат детали за операциите во кои учествуваат. На многу маринци во САД им пречи одлуката на О’Нил јавно да излезе и да преземе заслуги за акцијата, додека тој тврди дека на чекорот се одлучил затоа што и покрај важните операции во кои учествувал, по напуштањето на единицата, му биле одземени дел од воените бенефиции.
Слично

Поврзани вести