Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американските берзи растат, „Dow Jones“ го достигна највисокото ниво досега!

Американските берзи растат, „Dow Jones“ го достигна највисокото ниво досега!
Главните американски индекси полетаа нагоре на почетокот на оваа седница, а „Dow Jones“ го достигна највисокото ниво од моментот на своето основање, потхранет од позитивните очекувања за индекс на бизнис активноста во САД, оптимистичките податоци од Европа и вложувањето за понатамошен економски раст во Кина, соопшти „CNBC“. „Dow Jones“ напредуваше до 1,05% односно до 14 276,50 поени, совладувајќи го највисокотодосегашно ниво од 14 198,1 поени постигнати на 9 октомври 2007 година благодарение на акциите на „United Technologies“, кога тие ја зголемија вредноста за 2,3% до 91,20 долари, и оние на „Bank of America“, кои поскапеа за 1,8% до 11,62 долари. Од претходниот врв во 2007 година, па досега најмногу заработија „Home Depot“ и „IBM“, додека „Alcoa“ и „Bank of America“ поминаа најлошо. „Standard & Poor's“ заработи 1,07% до 1 541,55 поени, достигнувајќи нов 66-месечен врв. „Nasdaq Composite“ исто така забележа голем раст, на средина на тргувањето порасна за 1,26% до 3 222,26 поени. „ На само 19 дена тргување до крајот на првиот квартал на 2013 година, пазарите на акции се чини дека ќе продолжат со спиралното движење нагоре и во остатокот од месецот", посочува Николас Кола, главен пазарен стратег во „ConvergEx Group“. „За оние кои го бараат следниот евентуален негативен катализатор, тоа е веројатно дводневното заседание на Федералните резерви на САД-ФЕД од 19 и 20 март, заедно со кварталната прес-конференција на претседателот Бен Бернанке“, нагласува Кола. Според него, последниот извештај од состанокот на ФЕД, беше она што ги доведе пазарите до нагли пореметувања, но заедно со италијанските избори. Како се движеа акциите денеска Акциите на „Qualcomm“ растеа за 1,8%  до 67,84 долари, откако производителот на чипови соопшти дека ја зголемува својата квартална дивиденда за 40% до 35 центи по акција и најави програма за откуп на своите акции во вредност од 5 милијарди долари. Пазарната капитализација на Google доведе до раст за 1,6% до 834,87 долари за акција. Акциите на „Netflix“ сепак се намалија за 0,2% до 180,88 долари, како и на  „JCPenney“ кои паднаа за 9,4% до 15,17 долари.
Слично

Поврзани вести