Американските банки почнаа да се опоравуваат
Американската федерална агенција за осигурување на депозити објави дека американските банки во периодот април – јуни оваа година заработиле повеќе од истиот период минатата година. Ваквите резултати се должат на многу помалите загуби од лошите заеми.
Американскиот банкарски сектор во вториот квартал од оваа година заработил 42,2 милијарди долари или 23 отсто повеќе во споредба со истиот квартал минатата година. Исто така, загубите на лоши заеми опаднале во вториот квартал на ниво од 30,7 отсто на 14,2 милијарди долари, најниско ниво во последните шест години.
Слично
