Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американски банкарски гиганти влегуваат во Русија – како советници!

Американски банкарски гиганти влегуваат во Русија – како советници!
Министерството за финансии на Русија го ангажираше американскиот банкарски гигант „J. P. Morgan“ како консултант со цел да го подобри својот имиџ. Соопштението за оваа соработка доаѓа неколку дена откако заменик-министерот за финансии Сергеј Сторчак најави дека е можно ревидирање на кредитниот рејтинг на Русија, пренесе Франс Прес. Министерот не прецизира дали станува збор за зголемување или се намалува рејтингот, но на пазарот се верува дека ќе стане збор за намалување поради значително забавување на економскиот раст и забрзување на инфлацијата. Намалувањео на рејтингот ќе довде до раст на трошоците за позајмување во Русија и притисоци врз буџетот, кој оваа година се очекува да биде во дефицит. Агенциите за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс", „Мудис" и “Фич" на Русија и дадоа слични оценки БББ, Баа1 и БББ. Москва па за цел до 2016 година си постави да има повисок кредитен рејтинг. Русија во јануари ја ангажираше американската инвестициска банка „Голдман Сакс "како официјален советник за економијата.
Слично

Поврзани вести