Aмериканскиот суд ќе го заштити Сноуден – ако Русија го врати назад
Ако Едвард Сноуден, поранешниот соработник на ЦИА се врати во САД, нема да добие смртна казна и нема да биде измачуван туку ќе има целосна заштита од американскиот суд. Вака преку писмо, американскиот јавен обвинител Ерик Холдер го уверувал рускиот министер за правда.
Иако писмото било испратено на 23 јули, медиумите го објавија денеска. Во него Холдер пишува дека вака сака да демантира пекулациите кои се појавија во врска со најавите што ќе се случи со Сноуден ако Русија го врати во САД.
Вашингтон го обвинува Сноуден за незаконско издавање на државни тајни за американската програма за електронско следење на податоци. Сноуден престојува на аеродромот во Москва цел месец бидејќи нема пасош и бара привремен азил во Русија.
