Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американскиот министер за одбрана се закани дека ќе го вратат Иран во камено доба

Американскиот министер за одбрана се закани дека ќе го вратат Иран во камено доба

Амбасадата на Иран во Јужна Африка реагираше по објавата на Икс на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет.

Хегсет на платформата Икс објави „Враќање во камено доба“, алудирајќи на Иран.

„Камено доба? Во време кога вие сè уште живеевте во пештери и го баравте огнот, ние ги впишавме човековите права на цилиндарот на Кир. Го преживеавме нападот на Александар и монголската инвазија и опстанавме, бидејќи Иран не е само земја, туку и цивилизација“, објави Амбасадата на Иран на Икс.


Официјален Техеран ги оцени ваквите закани како „застарена реторика“ и демонстрација на „непознавање на реалната воена моќ“ на Исламската Република.

Високи воени претставници на Иран, коментирајќи ги најавите од Вашингтон, истакнаа дека регионот е променет и дека иранската одбрана е поподготвена од кога било. Според нив, Хегсет користи јазик на заплашување кој повеќе не поминува кај суверените нации.

„Оние кои сонуваат за враќање на Иран во камено доба, веројатно премногу време поминале гледајќи филмови, наместо да ги анализираат фактите на терен. Нашиот одговор на секоја агресија ќе биде решителен и разорен,“ се вели во дел од реакциите пренесени преку државните медиуми.

Американскиот претседател Доналд Трамп во последното обраќање се закани дека ќе го врати Иран во „камено доба каде што и припаѓа“, а слични пораки испратија и членови на американската администрација.

Повеќе од еден месец, Израел и САД се во војна со Иран.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести