Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американскиот државен секретар доживеал сообраќајна несреќа во Индија

Американскиот државен секретар доживеал сообраќајна несреќа во Индија
Американскиот државен секретар, Џон Кери, доживеал помала сообраќајна несреќа во која поминал неповреден во моментот кога колоната возила се движела кон аеродромот, по завршувањето на посетата на Индија, соопшти неговата портпаролка Џен Псаки. „За време на возењето кон аеродромот „Ахмедабад“ во Индија, две возила од колоната имаа мала сообраќајна несреќа во која остетени беа само возилата“, соопштила Псаки. Таа рекла дека Кери се возел во првиот од двата автомобили и дека не е повреден во несреќата како и дека нема повредени ниту меѓу припадниците на неговото обезбедување. „Едно возило бше исклучено по што колоната продолжи кон аеродромот без никаков проблем“, навела Псаки. Таа подоцна во авионот рекла дека Кери не излегол од својот автомобил и дека било исклучено возилото кое било управувано зад неговиот автомобил.    
Слично

Поврзани вести