Американски војник: Во директен судир, Русите ќе нè уништат!
Во директна борба, во случај на конвенционален судир, Русите буквално ќе ги уништат силите на САД - тврди пензионираниот американски полковник Даглас Мекгрегор за списанието Politico.
Мекгрегор е американски воен херој, чија единица за време на Голфската војна уништила вооружена ирачка бригада за 23 минути, а притоа имала само една загуба во единицата.
Зборувајќи за тоа, тој вели дека било лесно да се победат необучените ирски војници, но смета дека против Русија, Американците би биле поразени.
Тој предупредува дека американската војска е слабо организирана и дека не е добро обучена, па во случај на директна борба со армии кои се рамноправни според бројноста и технички добро оспособени, како руската или кинеската, би биле поразени.
"Всушност изразот "поразени" не е вистинскиот збор, правилно би било да кажам "уништени"", рекол Мекгрегор.
