Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американски суперносач на Карибите, Куба под притисок

Американски суперносач на Карибите, Куба под притисок

Американскиот носач на авиони USS Nimitz (CVN-68), најстариот активен суперносач на американската морнарица, моментално работи во Карипското Море, потврди Јужната команда на САД (SOUTHCOM).

Ова е прво присуство на американски носач на авиони во регионот откако USS Gerald R. Ford беше распореден на Блискиот Исток во февруари.

SOUTHCOM објави на социјалните медиуми: „Добредојдовте на Карибите, ударна група на носачите на авиони Nimitz“, нагласувајќи дека носачот и придружните бродови го претставуваат врвот на подготвеноста и стратешката предност на американската морнарица.

Пристигнувањето на USS Nimitz се совпадна со објавата на Министерството за правда на САД дека поранешниот кубански претседател Раул Кастро е обвинет за убиство за неговата наводна улога во соборувањето на два американски цивилни авиони во 1996 година, објави Forbes.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Куба повторно е во фокусот на администрацијата во Вашингтон. Соединетите Американски Држави со години одржуваат речиси целосна блокада на островот, што доведува до недостиг на гориво и чести прекини на електрична енергија.

„Ова е многу важно. Ова беше голем момент за Кубанците во Соединетите Американски Држави, но и за луѓето кои сакаат повторно да ги видат своите семејства на Куба“, рече Трамп по обвинението против Кастро.

Бродот „УСС Нимиц“ моментално плови кон своето ново пристаниште Норфолк, Вирџинија. Поради својата големина, не можеше да помине низ Панамскиот канал, па затоа го продолжи своето патување околу Јужна Америка преку Магеланскиот теснец.

Фото: Притнскрин/Икс

Слично

Поврзани вести