АМЕРИКАНСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ ВО СИРИЈА: Ке ги уништиме ИСИС со Курдите и сириските бунтовници!
Првите припадници на специјалните единици на САД стигнале на северот на Сирија каде ќе ги обучуваат умерената сириска опозиција и курдиските војници за борба против „Исламска држава“, потврдиле вчера од Сириската опсерваторија за човекови права и курдиски извори.
Припадниците на специјалната војска стигнале во Кобане и покраината Хасаки каде ќе ги обучуваат борците на новооснованата арапско-курдиска коалиција, изјавил за агенциите директорот на Сириската опсерваторија за човекови права. Курдиските извори во Кобане исто така го потврдиле доаѓањето на американските војници во градот.
Америка на крајот на октомври најави дека ќе испрати специјални сили кои ќе ги советуваат бунтовниците за борба против џихадистите, а сириската бунтовничка група која ја поддржува Вашингтон најавила нова офанзива против „Исламска држава“ во североисточниот дел на Хасаки.
