Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американски разузнавачи тврдат – сé поголеми шанси Русија да изврши инвазија на Украина

Американски разузнавачи тврдат – сé поголеми шанси Русија да изврши инвазија на Украина
Нови проценки на американските разузнавачки служби откриле дека постојат „повеќе индиции од кога и да е“ дека Русија е подготвена да изврши инвазија на источните делови на Украина. „Американските власти сé повеќе се уверени дека шансите за Русиј да изврши воена инвазија врз Украина се зголемуваат“, изјавил претставник на американските разузнавачки служби за телевизијата Фокс. Новите проценки биле направени врз основа на јавно достапните информации, острата реторика на рускиот претседател Владимир Путин и неговите тврдења дека руската популација во Украина е изложена на бруталност. Со ова тој креира јавна поддршка за поголема воена акција, сметаат американските разузнавачи. Како дополнителен аргумент се наведува и фактот што Путин го зголемува руското воено присуство во близина на границата со Украина, далеку повеќе отколку што тоа е вообичаено за обични воени вежби. Се проценува дека во овој регион сега има меѓу 30.000 и 80.000 руски војници, а нема потврда дека тие изведуваат некои вежбовни активности.  
Слично

Поврзани вести