Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМЕРИКАНСКИ ПОЛИТИЧАР ПОВИКА САД ДА ЈА ДЕПОРТИРААТ СЕЛЕНА ГОМЕЗ: Таа избрала илегалци пред државата

АМЕРИКАНСКИ ПОЛИТИЧАР ПОВИКА САД ДА ЈА ДЕПОРТИРААТ СЕЛЕНА ГОМЕЗ: Таа избрала илегалци пред државата

Oткако актерката и пејачка со мексиканско потекло, Селена Гомез плачеше поради депортирањето на мигрантите, политичарот на американскиот претседател Доналд Трамп, Сем Паркер, ја повика владата на САД да ја депортира Гомез. 

Паркер е првиот што повика Селена Гомез да биде депортирана, како приказ дека не смее да постои толеранција за поддржувачите на „спротивната страна“.

Селена е родена во САД и е американски државјанин. Нејзините баба и дедо го напуштиле Мексико и дошле во САД. 

„Депортирајте ја Селена Гомез. Селена Гомез избра илегалци пред Америка, таа е потомок на третата генерација на мексикански илегалци кои добиле државјанство во Амнестијата во 1987 година. Таа има пристрасен однос кон Америка, исто како и нејзините родители илегалци“, напиша Паркер.

Селена му даде недвосмислен јасен одговор на Паркер.

„О, господине Паркер, господине Паркер. Благодарам за смеењето и заканите. Ги вбризгувам твоите солзи во моите вени“, порача Гомез. 

Таа жали што не може да направи ништо за Мексиканците. САД депотираше 4.000 луѓе во Мексико, а депотирани беа и луѓе кои се со потекло од Колумбија. 

Слично

Поврзани вести