Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американски новинар тврди дека Русија и САД ќе војуваат идната година

Американски новинар тврди дека Русија и САД ќе војуваат идната година

Ќе има војна меѓу САД и Русија,  предвидува познат американски новинар Такер Карлсон. 

Toj тврди дека воен конфликт со Русија сепак ќе се случи во текот на идната година.

„Администрацијата на Џо Бајден нема поим што прават. Џо Бајден не ја води државата. Ќе се борат со Русија. Следната година ќе има војна меѓу САД и Русија“, рече Карлсон. 

Тој мисли дека нема да победат. 

„Треба да бидеме загрижени за можноста за отворена или надворешна војна со Русија. Ние ги финансираме нивните непријатели, затоа, ние сме во војна со Русија. Сепак, мислам на отворена битка со Русија, каде што велиме дека сме во војна со Русија. Мислам дека ова лесно може да се случи. И гледам вистинска хистерија“, објаснува американскиот новинар.

Карлсон сега е на турнеја низ европските држави, а вчера беше објавено и неговото интервју со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

САД и другите западни земји ја вооружуваат Украина. Русија неколку пати се закани на западните земји. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. 

Слично

Поврзани вести