Американски научници тврдат: Хитлер не се самоубил
Американски историчари и научници ја оспоруваат теоријата за смртта на Хитлер, укажувајќи дека делот од черепот погоден со куршум, всушност припаѓал на жена.
ДНК анализата на погодениот дел од черопот, пронајден во 1946 година ги шокирала научниците. Ова уште повеќе ги зголеми сомнежите кај многу историчари кои сметаат дека Хитлер успеал да побегне од Германија.
Истражувањата на аерхолозите во Универзитетот во Кенектикат покажуваат некои нејасни работи.
„Коските од черепот се премногу тенки за да припаѓаат на маж. Освен тоа, анализите покажуваат дека станува збор за човек на 40 години, а Хитлер во април 1945 година наполна 56 години” , вели истражувачот Ник Белатони.
Пред да го започне неговото истражување, Белатони бил во Москва за да ги испита предметите од бункерот во кој Хитлер и Ева Браун наводно извршиле самоубиство.
