Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМЕРИКАНСКИ НАУЧНИЦИ: 5G мрежата не го шири коронавирусот

АМЕРИКАНСКИ НАУЧНИЦИ: 5G мрежата не го шири коронавирусот

Теоријата на завера во која се истакнува дека репетиторите на 5G мрежата придонеле за ширење на пандемијата на коронавирусот во светот се смета за лажна вест и за глупости, потенцираат најмногу во Велика Британија. Столбовите во некои делови во земјата се запалени, а  во некои британски градови имало и напади на инженерите, информираат британските мобилни провајдери.

Министерот во кабинетот на премиерот Борис Џонсон и негова десна рака, Мајкл Гов, истакнува дека се околу 5G мрежата е заблуда и бесмислица.

-Оваа приказна е најлоша од сите лажни вести. Мрежите на мобилните телефони се од исклучителна важност, посебно сега кога од луѓето се бара да не ги напуштаат домовите, потенцира Стивен Повис, претставник на британската национална здравствена служба.

Сепак, во јавноста излегоа многу верзии за тоа како влије оваа мрежа врз здравјето на луѓето. Една од нив, за која пишува и CNET.com е дека 5G работи на радио-бранови со висока фреквенција. Ваквите сигнали не можат да патуваат на долги растојанија, поради што самите репетитори треба да се постават близу и да се инсталираат на повеќе локации. Оттука тврдењето дека радио брановите може да предизвикаат штетно зрачење и може да направи сериозен здравствен импакт кај луѓето, односно карцином на мозокот, намалување на плодноста, главоболки и други болести.

Но, досегашните студии не пронајдоа врска помеѓу сигналите за радиофреквенција од мобилните телефони или мобилните репетитори и болестите. Она што може дефинитивно да се каже е дека 5G не предизвикува или шири вирус.

-Тоа е смешен концепт, изјави Џон Бучер, научник во Националната програма за токсикологија на САД, која е задолжена за тестирање и проценка на супстанциите во нашето опкружување.

-Секоја година, има нов вид грип што се шири наоколу. Тоа е она што го прават вирусите - мутираат и се движат наоколу, веројатно сè додека има живот. Коронавирусот се шири преку контакт од човек на човек. Не патува низ нешто како што се радио бранови. Нема да се заразите об мобилниот телефон, освен ако самиот не е контаминиран со коронавирусот, вели Бучер.


Слично

Поврзани вести