АМЕРИКАНСКИ ИНСТИТУТ: АстраЗенека дадоа застарени и нецелосни податоци за ефикасноста на нивната вакцина
Британскиот производител на лекови АстраЗенека можеби обезбеди нецелосен преглед на податоците за ефикасноста на нејзината вакцина против ковид од големо американско испитување, соопшти денеска американскиот Национален институт за алергија и заразни болести (NIAID).
АстраЗенека, пак, еден ден порано нагласи дека нејзината вакцина Covid-19 развиена со Универзитетот во Оксфорд е 79 отсто ефикасна во спречување на симптоматска болест на големо испитување во Чиле, Перу и САД.
„Институтот изрази загриженост дека АстраЗенека може да вклучила застарена информација од тоа испитување, што може да обезбеди нецелосен преглед на податоците за ефикасноста“, рече американската агенција, повикувајќи се на независниот одбор за следење на безбедноста на податоците.
„Ние ја повикуваме компанијата да работи со Одборот за да ги разгледа податоците за ефикасност и да обезбеди што е можно побрзо јавно објавување на најточните, ажурирани податоци за ефикасноста“, велат од Институтот.
