Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американски Гугл се договори со Французите

Американски Гугл се договори со Французите
Американската компанија Гугл ќе треба да плати 60 милиони евра на специјалниот фонд за да им помогне на француските медиуми да го развијат своето присуство на интернет, согласно условите од договорот кој на високо ниво беше потпичан вчера, соопшти Ројтерс. Гугл притоа нема да им плаќа за објавување на линкови, туку само за нивни содржини, како што побараа француски издавачи. Тие инсистираа за плаќање такса за лиценци од страна на американската компанија за листите со наслови и извадоци од статии кои се појавуваат при резултатите на пребарувачот. Договорот што беше потпишан од францускиот претседател Франсоа Оланд и извршниот претседател на бордот на директори на Гугл, Ерик Шмид, како резултат на неколкумесчните преговори меѓу локалните медиумски компании и Гугл, со посредство на медијатор назначен од француската влада. Во декември американската компанија имаше сличен спор со белгиските издавачи на кои им помогна да ги зголемат своите приходи од дејноста во светската мрежа. Останува уште спорот на истата тема со Германија. Како што напиша во својот блог Ерик Шмит, новата зделка во Франција ќе им помогне на издавачите да ги зголемат своите приходи користејќи ја Гугл-овата рекламна технологија.  
Слично

Поврзани вести