Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американски генерал признава, САД и Европа се „беспомошни“ во споредба со Русија

Американски генерал признава, САД и Европа се „беспомошни“ во споредба со Русија

Аналитичарот Џек Кин смета дека и ЕУ и САД се „беспомошни“ во споредба со Русија.

Владимир Путин е најмоќниот светски лидер, изјавил американскиот генерал во оставка и воен аналитичар Џек Кин за каналот „Fox News“. Генералот Кин го опишува рускиот претседател како „најмоќниот и почитуван“ светски лидер, кој освен тоа е многу популарен и во својата земја.

Одговарајќи на прашањето на новинарот од „Fox News“ дали земјите од G7 „ќе и дадат отпор“ на Русија, Кин изјавил дека и Европа и САД се „беспомошни“ во споредба со Русија. За возврат Путин прекрасно знае за слабостите на НАТО и ќе ги искористи нив, нагласува американскиот генерал.

Кин се приклучува кон западните експерти, кои го обвинуваат Путин за „анексија на Крим“ и учество во воените дејствија во Украина. Американскиот генерал додава дека Западот е должен да одговори на активностите на Русија: да испрати во Украина смртоносно оружје и да ги предислоцира повеќето војници од НАТО во земјите од Балтикот, но тоа немало да го направат.

„Ова се важни работи, но ние не ги правиме“- изјавил тој.

Самиот Владимир Путин во свое неодамнешно интервју за италијанскиот весник „Corriere della Sera“ изјавил дека само болен човек може да си замисли дека Русија ќе ги нападне земјите од НАТО. Покрај тоа рускиот претседател истакнал дека сите активностите на Русија се само одговор на заканите кои произлегуваат во однос на неа, туку одговорот е во ограничен обем и ниво.

Слично

Поврзани вести