АМЕРИКАНСКИ ГЕНЕРАЛ ПРЕДУПРЕДУВА: Европо подготви се за војна!-Америко не знаеш што те чека!
Пензионираниот американски генерал Стени Мекристал предупредува дека војната во Европа не е невозможна и дека Американците мора да се откажат од граѓанските права во цел за подобра безбедност.
„Војната во Европа не е незамислива. Луѓето кои сакаат да веруваат дека војна во Европа не е можна, можеби ги чека изненадување. Мора да ја прифатиме политиката на голема моќ, не можеме да се претвораме дека ја нема“, рекол тој за најновото издание на магазинот Присм.
An Interview with Stanley McChrystal https://t.co/PsimOCdNHB
— Dave Strachan-Morris (@davidsm459) January 26, 2017
Што се однесува до Американците, неговото предупредување е морбидно на друг начин. Генералот Мекристал вели дека технолошкиот прогрес ќе стане таков што Американците мора да се откажат од некои граѓански права.
„Ние сме на почеток на ерата во која нашата способност со помош на технологијата да ги следиме луѓето и контролираме населението ќе предизвика големи тензии. Мислам дека ќе бидеме сведоци на воведување уште повеќе мерки за контрола на населението. Ќе мора да се откажеме од многу наши драгоцени граѓански права отколку што сонувате затоа што сакаме безбедност“, рекол генералот.
