AMЕРИКАНСКИ ГЕНЕРАЛ: Поради украинската криза можен е директен судир на САД и Русија
Kомандантот на НОРАД, генерал Грегори Гијо вели дека поради украинската криза можно е да има директна војна меѓу САД и Русија.
Генерал Грегори Гијо, шеф на Северната команда на САД и Северноамериканската команда за воздушна одбрана (НОРАД), издаде предупредување до Комитетот за вооружени сили на Сенатот на САД, објави Њузвик.
Во писмена изјава до американските пратеници, Гијо вели дека повеќе од 3 години од почетокот на целосната инвазија на Русија, постојат „неколку веродостојни патишта“ по кои војната би можела да ескалира во директен воен конфликт со САД.
Гијо, исто така, се осврна на други противници како што се Иран и Северна Кореја. Тој ги истакна безбедносните и одбранбените прашања за администрацијата на претседателот Доналд Трамп додека се стреми да ја заврши војната во Украина и да се бори против земјите што сакаат да ја предизвикаат американската војска во иднина.
Инаку, рускиот претседател Владимир Путин соопшти кои ќе бидат членови на руската делегација на преговорите со Украина утре во Истанбул, соопшти Кремљ.
Членови на руската делегација ќе бидат заменик министерот за надворешни работи Гулазин, началникот на Генералштабот Костјуков и заменик министерот за одбрана Фомин.
foto BRENDAN SMIALOWSK/Getty Images
