Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американски бомбардери стигнаа кај брегот на Северна Кореја

Американски бомбардери стигнаа кај брегот на Северна Кореја

Бомбардери Б-1Б лансер со капацитет да носат нуклеарно оружје, пушти САД кај брегот на Северна Кореја. 

Целта е  да ја покажат „сериозноста“ на својот пристап кон „несовесното однесување на Пјонгјанг“, изјави портпаролката на Пентагон, Дејна Вајт.

„Оваа мисија е демонстрација на американската решителност и е јасна порака дека претседателот има многу воени опции за да ја победи секоја закана. Програмата за оружје на Северна Кореја претставува сериозна закана за Азиско-пацифичкиот регион и за целата меѓународна заедница. Подготвени сме да го искористиме целиот спектар на воени капацитети за да ја одбраниме американската татковина и нашите сојузници“- вели  портпаролката.

Односите меѓу двете земји во последно време се тензични при што имаше и размена на закани меѓу претседателот Доналд Трамп и корејскиот лидер, Ком Џонг Ун. 

Северна Кореја се закани на САД и Јапонија поради поддршка на санкциите кон неа. 

Слично

Поврзани вести