АМЕРИКАНСКИ АНАЛИТИЧАРИ: Путин остварува сѐ што ќе науми
Три месеци од почетокот на воената интервенција во Сирија, рускиот претседател Владимир Путин ја постигна својата цел – да ја стабилизира владата на сирискиот лидер Башар Ал Асад. Путин би можел воено да интервенира во овој регион уште многу години со истиот интензитет, и тоа со релативно мали трошоци – сметаат американски аналитичари, кои сакаа да останат анонимни во интервју за Ројтерс.
Овие оценки се косат со тврдењата на американскиот претседател Барак Обама, кој сметаше дека Путин тргна во лош правец кога го поддржа Асад и дека нема да успее, потсетува Ројтерс.
„Неспорно е дека Асадовиот режим, со руската поддршла е во подобра положба од било кога до сега”- вели еден од аналитичарите за британската агенција. Според него, може да се каже дека рускиот лидер исполнува се што ќе си постави како цел.
Русија ја финансира сириската влада и учествува со воени интервенции во оваа област. Путин тврди дека негова цел е стабилизација на владата на Асад и борба против Исламската држава.
