Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМЕРИКАНСКАТА ВОЕНА БАЗА ВО ИРАК НАПАДНАТА СО ДРОНОВИ! Растат тензиите на Блискиот Исток!

АМЕРИКАНСКАТА ВОЕНА БАЗА ВО ИРАК НАПАДНАТА СО ДРОНОВИ! Растат тензиите на Блискиот Исток!

Американската воена база во Ирак денеска беше нападната со беспилотни летала.

Три вооружени беспилотни летала беа соборени денеска над аеродромот Ербил во северен Ирак, каде се стационирани американски и други меѓународни сили, соопшти антитерористичката служба на Ирачки Курдистан, истакнувајќи дека станува збор за два одвоени напади.

Во моментов не е јасно кој е одговорен за нападите, последен во серијата напади врз американските војници во Ирак и Сирија додека се зголемуваат тензиите на Блискиот Исток поради војната меѓу Израел и Хамас. Одбранбениот систем во воената база во близина на аеродромот успешно се одбрани од беспилотните летала, се наведува во соопштението. Нема жртви или оштетувања на инфраструктурата, изјави претставник на американското Министерство за одбрана.

Ирачкиот премиер Мохамед Ал Судани вети дека ќе ги пронајде одговорните за неодамнешните напади на три воени бази во Ирак во кои се сместени советниците на меѓународната коалиција, вклучително и Аин ал Асад во западен Ирак, воената база во близина на меѓународниот аеродром во Багдад и Харир во Ербил.

Фото: EPA/MARIO TAMA / POOL

Слично

Поврзани вести