АМЕРИКАНСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА ОТВОРИ ИСТРАГА - како белата супстанца стигна во библиотеката на Белата куќа
Американската тајна служба отвори истрага за тоа како бела супстанца, за која е потврдено дека е позитивна на кокаин, завршила во библиотеката во Белата куќа. Според „Вашингтон пост“, супстанцијата била откриена во неделата навечер, а содржината на дрога била мала.
Портпаролот на тајната служба Ентони Гуглиелми изјави дека по откривањето на сомнителната супстанца, службениците кои биле во Белата куќа биле накратко евакуирани.
– Истрагата за причината и начинот на влегување на супстанцијата во Белата куќа е во тек – рече Гуглиелми.
Американскиот претседател Џо Бајден во тоа време не бил во зградата.
(Танјуг)
Слично
