Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМЕРИКАНСКАТА ОДЛУКА БИЛА ЦИНИЧНА: Кадиров се лути затоа што мајка му е под санкции

АМЕРИКАНСКАТА ОДЛУКА БИЛА ЦИНИЧНА: Кадиров се лути затоа што мајка му е под санкции

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров жестоко ја критикуваше одлуката според која мајка му е на листа на санкции и упати закани до Америка.

Објаснува дека мајка му се занимава соо хуманитарни активности. 

„Веќе престанав да се изненадувам со нелогичните одлуки на САД и Западот за санкции. И одеднаш повторно – сега мојата драга мама е на списокот. Фактот дека таа се занимава со добротворни активности е позната на целиот свет. Затоа Американската одлука може да се смета само за намерна и цинична со непочитување на сите етички норми“, рече Кадиров.

Тој ги спомена Украина и Грузија. 

„Ова само ни ги одврзува рацете. Ако државите сами си ги легализираа таквите криминални методи, тогаш нема да бидеме ограничени со ништо. Грузија, Украина – сето тоа се американски проекти во постсоветскиот простор, а да не зборуваме за други конфликти околу свет, започнати од фиктивни причини. А, ако американските криминалци се извлекоа некаде, тоа нема да биде случај со Русија“, се закани Кадиров.

Откако почна војната во Украина, многу руски олигарси, фирми се под санкции. Украинските власти објавуваа и листа на јавни личности во Русија кои отворено ја поддржуваат војната. Дел од руските естрадни ѕвезди настапуваа во окупираните украински територии. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

Слично

Поврзани вести