Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американската банка „Wells Fargo“ го зазема лидерското место

Американската банка „Wells Fargo“ го зазема лидерското место
Најголема светска банка според пазарната капитализација е американската банка „Wells Fargo“ откако Индустриската и комерцијална банка на Кина (ICBC) и го предаде првото место. Според проценките на њујоршката берза на која котира „Wells Fargo“, пазарната вредност на оваа американска банка е 236 милијарди долари, додека според кинеските податоци вредноста на „ICBC“ изнесува 233 милијарди долари. Шестгодишното лидерство на „ICBC“ како најголема светска банка почна во јули 2007-та година, а нејзината вредност во ноември истата година го достигна врвот од 374 милијарди долари, благодарејќи на брзата експанзија на кинеската економија. Меѓутоа „ICBC “ од врвот на ранг листата беше симната на 12-ти јули оваа година, а „Wells Fargo“ дојде на нејзиното место.  
Слично

Поврзани вести