Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американка фатена како финасира џихадизам со биткоин

Американка фатена како финасира џихадизам со биткоин

Жителка од Њујорк е обвинета за перење на биткоини и други криптовалути за префрлање на средства како помош за Исламската држава.

Од обвинителството е покрената постапка за измама и перење на пари против 27 годишната Зобија Шахваз.

Таа се здобила со 85.000 долари преку банкарски кредит и кредитни картички за да може да купи биткоини и други дигитални валути, а потоа на лица и компании- фантоми во Пакистан, Кина и Турција им префрлила над 150.000 долари.

Нејзиниот адвокат тврди дека испраќала пари како помош на сириските бегалци, но од обвинителството ја товарат дека почесто посетувала и сајтови поврзаници на Исламската држава.

Таа била и на информативен разговор на аеродромот Кенеди кога сакала да отпатува за Сирија.


Слично

Поврзани вести