Американец подготвувал атентат на Обама, ФБИ го откри
ФБИ уапси жител на американската сојузна држава Масачусетс, осомничен дека планирал да го убие претседателот Барак Обама, пренесе ТАСС, повикувајќи се на телевизијата Фокс њуз.
Според агенциите, Џозеф Гаргало на возраст од 40 години планирал да го убие Обама за време на неговиот неодамнешен одмор на островот Мартас Винард. Американското претседателско семејство Обама одмора по традиција во куќа за изнајмување на островот.
Мажот бил уапсен на 27 август, а при претресот на неговиот дом следниот ден биле откриени огнено и ладно оружје, муниција и експлозиви. Се верува дека имал проблеми и бил во депресија.
ФБИ добило информации за Гаргало и го ставило под надзор во јули.
Слично
