Американец загина во Украина
Во Украина загина и Американец. Американски државјанин е меѓу неколкуте убиени денеска во северниот украински град Чернихив, објави украинската полиција.
Американскиот Стејт департмент ја потврди смртта и изразиле сочувство до семејството.
„Од почит кон семејството во овој тежок период, немаме дополнителни коментари“, додаде портпаролот.
Во Чернихив, се забележани најинтензивните гранатирања од руските сили од почетокот на војната пред повеќе од три недели.
Претходно, регионалниот шеф Вјачеслав Чаус изјави дека повеќе од 50 тела вчера се донесени во градската мртовечница. Меѓу загинатите имало и повеќе од 10 луѓе кои чекале во редица за да купат леб.
Украинските служби за итни случаи соопштија дека во процесот на расчистување на урнатините на зградата оштетена во претходните напади, откриле тела на петчлено семејство, вклучително и 12-годишно девојче и 3-годишни близнаци, момче и девојче.
Скоро 3 милиони луѓе избегаа од Украина. Заминаа во Полска, Словалка, Германија, Шпанија и други земји.
