Американец уби тројца полицајци и на крајот се предаде со водење преговори
Тројца полицајци се убиени, а петмина се ранети во американската сојузна држава Кентаки кога човек врз кого се обиделе да издрадат налог за апсење отворил оган, соопшти полицијата.
Напаѓачот е 49-годишниот Ленс Сторц, кој беше уапсен во неговиот дом во Ален, округот Флојд, по едночасовен судир со полицијата. Полицијата дошла во куќата на Сторц по пријава за семејно насилство, при што тој отворил оган врз нив при што убил тројца полицајци и нивното куче. Во престрелката се ранети пет полицајци.
„Полицајците беа под оган со часови на местото на настанот. Немаа шанси“, им рече на новинарите шерифот на округот Флојд, Џон Хант. Тој додаде дека Сторц се предал по преговорите во кои биле вклучени и членовите на неговото семејство.
Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, објави на Твитер дека округот Флојд претрпел ужасна загуба.
„Ова е тешко утро за нашата заедница. Овие херои жртвуваа сè за да го заштитат нашиот народ“, рече Бешеар. Сторц е во притвор поради повеќе обвиненија. Тој смета дека не е виновен и дека бара кауција од десет милиони долари.
