Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американец „натрупал“ 202.000 долари од патарини

Американец „натрупал“ 202.000 долари од патарини
Триесет и тригодишен маж од Вирџинија има акумулирано 202 000 долари од неплатени такси за користење на автопатишта и парични казни. Тој се согласи во судот да плати 96 000 долари на рати од по 150 долари месечно за наредните 54 години. Тоа значи дека ќе ги исплати до 2067 година , кога ќе има 87 години . Џастин Бурсиер е финансиски консултант од Арлингтон . Во 2009 година тој бил невработен. Тој сфатил дека кабината за плаќање на надоместок за користење на автопатите се празни по 11:30 и така решил дека ќе може да ги искористи патиштата без да плати 75 центи такса . Тој прашал вработен дали камерите работат по 11:30 и му рекле дека не работат . Така, цели 3 години тој уживал на автопатот после 11:30 , мислејќи дека е бесплатно возењето. Излегува дека имало камери кои го снимале . Кога му испратиле казни за 440 долари , тој не ги платил и му се насобрале и камати. Автомобилот на финансискиот советник е фотографирана како прави прекршокот 335 пати , што му донело казни за 202 000 долари. Адвокатот му договорил со судот намалување на глобата до 40 000 долари , плус камата за 55 000 долари, вкупно 96 498 долари кои Бурсиер треба да ги плати.
Слично

Поврзани вести