Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американците срушија нов рекорд – 1 милијарда долари потрошиле он-лајн за Денот на благодарноста

Американците срушија нов рекорд – 1 милијарда долари потрошиле он-лајн за Денот на благодарноста
Роба во вредност од една милијарда долари успеале да купат Американците во он-лајн продавниците за Денот на благодарноста. Како што пренесува „Ју-Ес-Еј тудеј“ за првпат годинава Американците за еден ден потрошиле толкава сума на пари. Купувањето се одвивало на повеќе од илјада интернет продавници, а вкупно биле регистрирани 180 милиони посети на тие сајтови. Како што пренесува овој весник, 21 отсто од купувањето било направено преку мобилен телефон. Забележано е дека купувањето било направено по празничниот ручек. Иако вообичаено, продавниците не работат за Денот на благодарноста, модерните технологии овозможуваат да се купува без да се стане од кревет.
Слично

Поврзани вести