Американците од 183 земји, сега само во 29 можат да патуваат без виза, една од нив и Северна Македонија
Граѓаните на САД пред корона-кризата без виза можеле да патуваат во 183 земји, а сега тоа може да го сторат само во 29, меѓу кои е и Северна Македонија, објави „Зеро“ со наслов „Дали Американциите воопшто се добредојдени некаде?“.
Без виза може претежно да летуваат во земјите од Централна Америка и Карибите, а од Европа може да ги посетат само Велика Британија, Ирска, Украина, Турција, Хрватска, Србија, Косово, Албанија и Македонија. Може да патуваат непречено и во ОАЕ, Јужна Кореја, Еквадор, Танзанија, Малдивите и Либан.
„Додека многу земји низ Европа, Азија и Јужна Америка ги отворија своите граници кон странските државјани во последните неколку недели, пораката до Американците е јасна: вие не сте добредојдени овде. Додека еден американски пасош некогаш се сметаше за златен билет за патување без визи низ целиот свет, големиот број на случаи на ковид-19 во земјата и бројот на починати предизвика стотици земји да ги забранат влегувањето на Американците. Сепак, некои нации кои многу се потпираат на туризмот се подготвени да преземат ризик да ги пречекаат американските патници“, вели „Зеро“.
Сепак Македонија во листата на 29 земји не е меѓу оние кои исклучиво својата економија ја базираат на туризам. Оваа дејност во Аруба сочинува 99 отсто од БДП. Туризмот во структурата на Барбадос има удел од 36,2 проценти, а во Хрватска 25,1. Во Македонија овој процент е само 7,4 отсто.
