Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМЕРИКАНЦИТЕ НУДАТ 10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Бараат информации за десет лица од Иран

АМЕРИКАНЦИТЕ НУДАТ 10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Бараат информации за десет лица од Иран

Соединетите Американски Држави(САД) нудат 10 милиони долари за информации за десет луѓе од Иран. 

Понудата е објавена преку програмата „Награди за правда“ на Стејт департментот, по атентатот врз ајатолахот Али Хамнеи и други високи ирански функционери.

Во соопштението се наведува дека се бараат информации за Хамнеи, неговиот заменик-началник на кабинетот Али Асгар Хеџази, воениот советник генерал-мајор Јахја Рахим Сафави, советникот Али Лариџани, министерот за внатрешни работи бригаден генерал Ескандар Момени и министерот за разузнавање и безбедност Есмаил Хатиб.

САД бараат информации и за четворица неименувани функционери на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) чии фотографии не се објавени - секретарот на Советот за одбрана, советникот на врховниот лидер, началникот на воената канцеларија во канцеларијата на врховниот лидер и командантот на ИРГЦ.

Велат дека овие луѓе командуваат и управуваат со различни делови од Револуционерната гарда, која планира, организира и спроведува тероризам низ целиот свет. 

На 28 февруари САД и Израел почнаа со напади на Иран. 

Слично

Поврзани вести