Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМЕРИКАНЦИТЕ НА СТРАНА НА ТРАМП: Мнозинството сметаат дека забраната за влез на седум земји е исправна!

АМЕРИКАНЦИТЕ НА СТРАНА НА ТРАМП: Мнозинството сметаат дека забраната за влез на седум земји е исправна!

Речиси половина Американци ја поддржува одлуката на претседателот Доналд Трамп за забрана на влез во САД за државјани седум претежно муслимански земји, покажува анкетата која ја направил Ројтерс/Ипсос.

Како што се наведува, 49 отсто од испитаниците ја поддржуваат таа уредба, додека 41 од нив се противат на тоа.

Кога се работи за странските ставови, околу 53 отсто од демократите силно и се противат на таа одлука, додека 51 отсто од републиканците „силно ја одобруваа“.

Околу 31 од анкетираните наведуваат дека поради одлуката на Трамп се чуствуваат безбедно, 26 отсто од нив дека не се чуствуваат безбедно, додека дури 43 рекле дека не знаат.

Повеќето Американци (56) отсто не сметаат дека САД треба да прими повеќе христијански отколку муслимански бегалци, како што Трамп предложуваше неодамна.

Во анкетата која е спроведена на 30 и 31 јануари онлајн во сиѕе 50 сојузни држави, учствувале 1 201 лице.

Слично

Поврзани вести