Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американците лути на Трамп - Доста му „ќутиш“ на Путин

Американците лути на Трамп - Доста му „ќутиш“ на Путин

Повеќе американски конгресмени му се лути на американскиот претседател Доналд Трамп кој не изреагира на говорот на рускиот претседател Владимир Путин на неговото фалење дека Русија располага со најмоќното нуклеарно оружје и дека сега сите мора да слушнат што имаат да кажат.

Политичките експерти во САД се свесни дека говорот кој Путин го одржа пред руските пратеници е наменет за домашната јавност и доаѓа во пресрет на претседателските избори на кои тој ќе бара нов мандат.

Сепак, сметаат дека ваквите закани со ново оружје не смејат да останат неискритикувани од Трамп бидејќи освен кон САД, заканите се однесуваат на сите нивни сојузници во НАТО.

Воените аналитичари не се изненадени од говорот на Путин, но и не се исплашени бидејќи САД ги знае сите воени системи на Русија, додека пак нуклеарната еднаквост дава гаранции дека нема да дојде до катастрофален нуклеарен судир кој во суштина би значел и крај на светот. 


Слично

Поврзани вести