Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американците ја казнија „Барклис“ со 435 милиони долари за манипулации со цената на струјата

Американците ја казнија „Барклис“ со 435 милиони долари за манипулации со цената на струјата
Британската банка „Барклис“ „заработи“ казна од 435 милиони долари за манипулации со цената на струјата на западот на САД. Како што соопшти Федералната регулаторната комисија за енергетика (FERC), станува збор за манипулации извршени во периодот од 2006 до 2008 година. Комисијата заклучи дека банката и четири нејзини трговци манипулирале со индексираните цени во корист на „Барклис“. Трговците се казнети со вкупно 64 милиони долари. Британска банка, исто така, мора да се одрече од дополнителни 34,9 милиони долари заработка, плус камати и да финансира програми за субвенционирани цени на струјата за домаќинствата со ниски приходи во федералните држави, Калифорнија, Аризона, Орегон и Вашингтон.  
Слично

Поврзани вести