Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМЕРИКАНЦИТЕ ГО САБОТИРАА СЕВЕРЕН ТЕК-СИКОРСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ: ЦИА летово предупредила за можен напад

АМЕРИКАНЦИТЕ ГО САБОТИРАА СЕВЕРЕН ТЕК-СИКОРСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ: ЦИА летово предупредила за можен напад

Неконтролираното истекување на гас од гасоводот Северен тек во Балтичкото море ја крена целата светска јавност на нозе. Случајот се истражува, а веќе има низа шпекулации за тоа кому му одговара ваква штета во време на досега невидена енергетска криза.

Поранешниот министер за одбрана на Полска, Радек Сикорски и актуелен европарламентарецоценува дека саботажата на гасоводот низ кој минува руски гас до Европа е дело на Соединетите Американски Држави, заради што јавно се заблагодари на неговиот профил на Твитер.

Светските медиуми веќе ја реобјавуваат изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, во однос на уништувањето на гасоводот, а кој непосредно ја даде пред руската инвазија на Украина. Тој рече:

Бајден: „Ако Русија влезе во Украина, нема да постои Северен тек 2.

Новинарско прашање: Но, како тоа вие би го извеле кога проектот е под германска контрола?

Бајден: Ви ветувам, ќе знаеме како.

Денеска пак, германски Spiegel објави дека американските разузнавачи уште во текот на летово го предупредиле официјален Берлин за можни напади на Северен тек.


Слично

Поврзани вести