Економија, финансии, бизнис

Контакт

Американци купуваат европски банки

Американци купуваат европски банки
Американски инвестициски фондови, во последните четири месеци, вложиле милијарди долари за опоравување на европскиот банкарски систем. Тие се уверени дека заздравувањето ан економијата во еврозоната сега ќе добие на сила, пишува лондонскиот финансиски весник, Фајненшл тајмс. Инвеститорите биле инспирирани од благото забрзување на растот на стопанството во еврозоната во второто тромесечие. Тие тоа го сфтаиле како сигнал дека Европа почнала да излегува од најлошата рецесија после Големата депресија во 30-тите години од минатиот век. Уделот на акциите на 10-те најголеми европски банки во сопственост на американски фондови, е зголемен од јуни оваа година за 40 отсто, на 33 милијарди евра. Пред тоа, фондовитераспродаваа акции на европските банки. Инвеститорите очекуваат дека европските власти ќе го зајакнат надзорот и дека ќе ги решат проблемите во банкарскиот сектор. Европската централна банка објавува редовни извештаи за квалитетот на активите на банките и спроведува стрес тестови. Тоа би требало да ги разувери скептиците кои се уверени дека европските банки ги кријат лошите активи.  
Слично

Поврзани вести