Американци ќе станат сопственици на два аеродрома во Европа
Американската фирма „ADC & HAS Airports Worldwide“ ќе купи два аеродрома во Eвропа сопственост на шпанската група „Abertis infrastruktuares“.
Вредноста на трансaкцијата изнесува 384 милиони евра (373 милиони долари). По добивањето одобренија од регионалните органи, американската компанија ќе стане сопственик на аеродромите во Белфаст и Стокхлом.
Според договореното, „Abertis infrastruktuares“ ќе се повлече од сопственоста и на некои имоти во САД, известуваат руски медиуми.
Во сопственост на „Abertis infrastruktuares“ сега се наоѓаат десетина аеродроми, меѓу кои и најмалиот од лондонските аеродроми во Лондон и тој во Орландо на Флорида.
Во јуни компанијата соопшти дека планира продажба на капиталот во лондонскиот аеродром Лутон.
Меѓународниот аеродром во Белфаст опслужува околу 4,3 милиони патници годишно.
Аеродромот „Skvasta“ во Стокхлом е трет најголем аеродром во Шведска со годишен промет на 2,5 милиони патници.
Двата аеродрома се сопственост на компанијата „Abertis infrastruktuares“ од 2005 година.
Во март минатата година „Abertis infrastruktuares“ го продаде на владата на Велс аеродромот во Кардиф за 61 милиони евра.
Главниот бизнис на групацијата со седиште во Барселона се телекомуникациите и мобилната телефонија.
