Економија, финансии, бизнис

Контакт

Америка воведува нови стандарди за гориво

Америка воведува нови стандарди за гориво
Американската Агенција за заштита на животната средина предложи воведување нови стандарди за автомобилското гориво кои имаат за цел да се намали загадувањето. Меѓутоа, тоа би можело да доведе до ново поскапување на бензинот. Новите стандарди кои ги предложува ЕПА би го намалиле уделот на сулфурот во бензионот за две третини, а тоа во издувните гасови за 80% би ги намалило состојките  кои придонесуваат за настанување на смогот, пренесува Еј-би-си њуз. Новиот закон би требало да стапи на сила во 2017 година. Со воведувањето нови стандарди за квалитетот на горивото ќе биде остварен ефект еднаков на елиминирање на 33 милиони автомобили од американските патишта. Од друга страна, просечната цена на автомобилите би пораснала за 130 долари до 2025 година. Советникот на Американскиот институт за нафта, Рајола Дохер, изјавила дека воведувањето на предложените стандарди би било премногу скапо, како за фирмите, така и за граѓаните. Нафтената индустрија во претходните пет години остварила профит поголем од 300 милијарди долари, па затоа воведувањето на новите стандарди за неа би било неприфатливо скапо, оценува Еј-би-си. -Точно е дека правиме профит, но тој профит оди кај акционерите, а тоа се десетина милиони Американци“, изјави Дохер. Со вовдедувањето на новите стандарди според  ЕПА, би се избегнале повеќе од 2000 смртни случаи годишно, како и околу 23.000 случаи заболувања на деца од респираторни болести.
Слично

Поврзани вести