Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМЕРИКА УДРИ ВО НАЈБОЛНАТА ТОЧКА: Во воздушни удари уништени 116 цистерни полни нафта на ИД!

АМЕРИКА УДРИ ВО НАЈБОЛНАТА ТОЧКА: Во воздушни удари уништени 116 цистерни полни нафта на ИД!

Американски претставници соопштиле дека извршиле воздушни удари на цистерни на Исламска држава полни со нафта во Сирија, пренесува Њујорк Тајмс.

Во нападот во близина на Албу Камал, градот во рацете на исламистите на границата со Ирак, во неделата се разорени 116 цистерни кои терористите ги користеле како би превезле нафта произведена во Сирија, извести Пентагон.

Нападите ги извеле шест борбени авиони сместени во Турција, а како пишува Њујорк Тајмс, нападите се планирани во петок пред да се случи терористичкиот напад на Париз.

Способноста на Исламска држава да заработи околу 40 милиони долари месечно произведувајќи и извезувајќи нафта била преголема фрустрација за западот. Парите кои ги добивале по тој пат ги користеле за финансирање на екстремистични операции и владеење со освоените територии.

Минатата недела американски претставници објавија како Америка ги зголемила воздушните напади на инфраструктурата која исламистите ја користат. Досега наводно избегнувале да гаѓаат цистери поради страв од голем број цивилни жртви.

Како би ги избегнале цивилните жртви, борбените авиони пред нападот исфрлиле летоци со кои ги предупредиле возачите да ги напуштат возилата.

Пред нападите на подрачјето биле пратени дронови како би го разгледале подрачјето каде цистерни се полнеле со нафта. Претставници рекле дека 295 камиони биле таму во време на нападот, и дека се уништени повеќе од третина.

Оваа операција е наречена  'Tidal Wave II' откако во Втората светска војна е извршена 'Operacija Tidal Wave' при што Америка бомбардирала девет романски рафинерии .

Слично

Поврзани вести