Економија, финансии, бизнис

Контакт

Америка: цивилизирана битка за буџетот, намален дефицит!

Америка: цивилизирана битка за буџетот, намален дефицит!

За разлика од кај нас битката за американскиот буџет се води на многу поцивилизиран начин и ете веќе неколку дена на сила се решенија преку кои во основа драстично паѓа државното трошење. Секако ова не значи пропаст на самата држава, но е запален црвениот аларм и сега политичарите ќе мора да бараат решение за овој проблем.

Инаку во основа ова што се случува сега во САД значи дека државата ќе потроши четири трилиони долари помалку во наредниве десет години. Значи тоа за што зборуваат сите, намалување на јавниот долг преку овие решение во основа се постигнува и повеќе од потребното. Математиката е следна: -          1 трилион долари автоматски намалени трошоци -          700 милијарди долари од нови даноци -          700 милијарди долари помалку камати за плаќање -          1,5 трилиони од претходно договорени кратења Значи се што бараа економистите да се случи, се случи во еден момент. Во наредниве години дефицитот ќе биде значително намален. Сепак ова не ги радува многу американците. Ниту еден долар од овие четири трилиони долари не е од програмите Медикер и Медикејд, како и од програмата за социјално осигурување. Токму овие три програми и создаваат најголема главоболна администрацијата на Обама. Впрочем проблемот со пензиите и со здравствено осигурување е проблем со кој се соочува целиот свет. Епа со овие автомастки кратење ништо не се случува на ова поле. Вакви резултати требаше да бидат постигнати доколку се направеа кратења, меѓутоа на сосема други полиња. Ваквиот договор американците го нарекуваат големата зделка, бидејќи треба да биде еден голем компромис помеѓу републиканците и демократите. Такво нешто не е на повидок засега. Опасноста од оваа ситуација е тоа што ваквиот тип на кратења може да ја зголемат невработеноста за 700.000,а  и воедно да го намалат растот за половина процент. Останува нејасно до кога ќе продолжи ваквата ситуација, но според некои најави можно е ова да потрае до септември оваа година. Значи ефектите до тогаш јасно ќе се осетат. Партиите во САД ќе мора да најдат начин да направат нов микс на даночни зголемувања, но очигледно ќе биде потребна интервенција на трошковната страна, бидејќи за кратењата кои се во моментов на сила ќе треба да се плати се чини преголема цена. Редакција Фактор
Слично

Поврзани вести