Америка со оружје им помага на Курдите против Исламската држава
Американската војска од водух им фрли оружје, муниција и медицинска опрема на курдските сили кои го бранат сирискиот град Кобане од екстремистите на Исламската држава.
Помошта од воздух е дадена вчера, што е прв пат помош на тој град да му се праќа на овој начин и следеше после повеќе неделни воздушни удари на положбата на екстремистите кај овој град во близина на границата со Турција.
Во синоќешното соопштение на американската Централна команда соопштено е дека авионите C-130 исфрлиле повеќе ракети и опрема кои ги обезбедиле курдските власти во Ирак. Таа опрема треба да овозможи продолжение на отпорот на Исламската држава чии борци се обидуваат да ја превземат контролата над Кобане.
Турската влада претходно соопшти дека се противи на било какво американско снабдување со оружје на курдските борци во Сирија. Турција смета дека главна курдска група во Сирија е огранокот Курдска работничка партија (ПКК) , која веќе 30 години во Турција се бори за автономија на Курдистан и која САД и НАТО ја означиле како терористичка.
Американската Централна команда во соопштението навела дека нивните сили спровеле повеќе од 135 воздушни напади врз силите на Исламската држава во Кобане.
Во разговорот со новинарите американските претставници навеле дека три авиони C-130 испуштиле 27 ракети кои содржат лесно оружје, муниција и лекови.
Уште се проценуваат резултатите на мисијата, но се смета дека поголемиот дел од таа опрена стигнала до курдските борци за кои е наменета.
Еден од претставниците рекол дека оваа мисија треба да се смета како хуманитарен потег, бидејќи се верува дека, ако Кобане падне во рацете на екстремистите на Исламската држава, тие ги убиле Курдите во тој град.
